Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

Вулин со критика за Шекеринска: Ова е исто како да се сликала под знамето на Исламска држава и би зборувала за верска толеранција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
vulin

Српскиот министер за одбрана Александар Вулин ја критикуваше својата македонска колешка, министерката Радмила Шекеринска, за фотографијата со кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари, на која нема државни симболи, туку на УЧК.

— реклама —
Во своја одбрана министерката преку ФБ порача  дека во 2020-та иконографиите се неважни.

— реклама —

Вулин пак го критикува и објаснувањето. Во официјалното соопштение од српското Министерство за одбрана, Вулин за ваквото објаснување на Шекеринска вели дека е подеднакво лицемерно како кога би се сликала под знамето на Исламска држава и би зборувала за верска толеранција:

„Да се фотографираш под знамето на таканаречената ОВК и да речеш дека тоа е неважна иконографија е како да се сликате под знамето на Независна Држава Хрватска (НДХ) и да кажете дека е во прашање ретро моден правец“, изјави Вулин.

фото: Архива

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања