„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Хајки, нервоза, довикувања и расправии во Судски совет

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
Screenshot-2023-06-05-113112

Нови препирки и обвинувања во Судскиот совет. Точка на дневен ред е судирот на интереси на експретседателката Весна Дамева, за која има обвинувања дека учествувала во постапки при одлучување на одговорност за судии, каде странка бил нејзиниот сопруг. Судир имаше помеѓу Дамева и експретседателката на Судски совет, Павлина Црвенковска. Во дискусијата се надоврзаа и други членови.

— реклама —

„Некој кога станува член на Судски совет, ја знае основната надлежност на советот – следење на работата на судиите и нивно оценување. Не станува член на Управен одбор на карате сојуз па да следи работа на каратисти – како се одвива нивната кариера или како си ја вршат нивната работа. Секој од нас кога станува Судски совет имал обврска да си праша по дома дали евентуално има некои предмети каде може да настане судир на интереси. Како член на Судски совет овде се одлучувало по барање за утврдување одговорност. Се следела работата на најголемиот суд во државата, Кривичен суд. Нејзина обврска била да праша каде евентуално нејзиниот сопруг има предмети и друг член на семејството, деца, за да може да се изземе и да не се доведе во прашање нејзината работа“, рече Црвенковска.

Експретеседателката постави прашања, а кога и упадна во збор на Мери Радева, имаше и бурна реакција.

— реклама —

„Нема што да одговарам и да ме прашувате мене. Не знаев за случајот, да знаев ќе и речев дека треба да се изземе, ако е тоа вистина. Јас тоа и сега не го знам. (…) Кога зборувам очекувам да ќути“, рече Радева одговарајќи на прашање.

Се надоврза и потпретседателот Селим Адеми за тоа кога дознал дека сопругот на експретседателката Весна Дамева.

„Јас очекував поранешната претседателка Дамева да информира за работи кои нејзе и се познати. И не само да прашува дома, туку да се држи согласно законот. Многу боли кога нападите се насочени кон мене“, рече Дамева.

Се надоврза повторно Црвенковска без да добие збор и почна дерење во салата.

„Колешката е многу изнервирана. Доколку знаела во најмала рака таа како член требала да ме извести. Вие колешке имате законска обврска да ме известите“, искоментира Дамева.

„Немам намера да бидам дел од овој циркус. Судскиот совет има куп прашања од негова надлежност по кои треба да постапува. Продолжуваме со циркузи. Овде се продолжи со меѓусебни обвинувања. Јас на почеток на седницата реков дека точката разно не ми е јасна. Колешката Мери ја појасни. Таа наведе кои аргументи се потребни за да одлучиме за изземање. Ова прерасна во меѓусебни обвинувања. Претседателе, од вас зависи во која насока ќе оди ова“, рече Ивица Николовски.

Во една од дестиците реплики на потпретседателот Селим Адеми, кој зборуваше за „правење хајка“.

„Не не интересира за Обвинителство нека ни дстави што има за судство. Таа кажа само за предмети, во која фаза се предметите треба да кажете вие. Јас не сакам да кажете дека се пави хајка кога вие само известувате, но точно е дека вас добро ве научија, ви кажаа дека не може да покриете факти и аргументи дека сега не сте претседател на Судски совет и сега ќе се реасправа за се. И за тоа што акате вие и за тоа што не сакате вие. За ова ќе се расправа, ќе се утврди колку предмети има, а за тоа дека требало да знаеш-требало да знаеш, без разлика дека вчера си разбрала. Тоа ќе дојде кога ќе биде на седница точката

Претходно, Дамева се бранеше од останатите членови кои ја обвинуваат дека не се изземала во минато постапување, иако морала поради тоа што странка во судскиот случај кој се ревидирал бил нејзиниот сопруг.

„Ниту требам ниту сум морала да знам за деловните обврски за судски постапки и било какви постапки за мојот сопруг бидејќи ние дома не разговараме за судски работи. Ниту тој знае што јас постапувам, ниту јас знам какви судски постапки се водат, тоа прво. Второ, мојот сопруг и кој било член на моето семејство нема закнска обврска мене да ме известува за јас да ве известам. Да бидеме на чисто, ова е она што имам да кажам. Во овој момент знам за тиа. Во секој момент кога ќе дознаам, ќе известам. Како ми кажуваат така известувам. И за разлика од ќленови на Судски совет кога можеби имале судир на интереси или одредени состојби, не известиле или кажале причина за изземање, јас тоа не го сторив. Јасно и гласно известив, да престанеме со сва зашто созвадаме лажна слика“, кажа Дамева.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања