Промени тема
Контакт

Хајредини му се спротистави на Груби: Не Албанците, туку само ти, Ахмети, син му, Бујар економски се зајакнавте

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Коментари
grubi-hajredini

Ексминистерот за финансии, Џевдет Хајредини, му се спротистави на вицепремиерот Артан Груби по изјавата дека пет моќни македонски олигарски рапотат на отстранување на ДУИ и Албанците од власт. Според Груби, причината е тоа што Албанците економски се зајакнувале, а втората цел им била државата да ја водат само Македонците.

— реклама —

Хајредини се спротистави. Му порача дека се богатат само блиските до Ахмети, а не Албанците. Притоа му порача дека Албанците никој не сака и не може да ги отстрани од власт.

— реклама —

„Не е точно дека сите Албанци економски многу се зајакнуваат, ниту дека го зедоа својот дел, со тоа што само Али Амети и својот син, внуци, зет, брат и сват, како и Груби, Бујар, Јахоски, Еуровија, Арберија, економски зајакнале и го зедоа 'својот дел'. Албанците во Македонија од власт никој не сака и не може да ги отстрани, па ни пет, десет или дваесет 'моќни олигарси Македонци'“, напиша Хајредини.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања