ВО ЖИВО

Претрес: Од бранител до затвореник – Трајковски за притисоците, 27 април и системот што крши луѓе

Хакерите не интервенирале во изборните резултати, создале само погрешен приказ на бројките

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Haker-2-620x350

Неофицијално, „Фокус“ дознава дека според првичните наоди на Секторот за комјутерски криминал при МВР, немало интервенирање во податоците, односно изборните резултати кои се внесувале во податочната база.

— реклама —

Според неофицијални информации, целта на нападот била да се даде погрешен приказ на бројките, односно резулатите во изборите.

Во средата вечерта непосредно по затворањето на гласачките места падна сајтот на ДИК и граѓаните не можеа да ги следат резултатите од изборниот процес, односно да видат која партија колку гласови освоила од обработените гласачки ливчиња. ДИК објави дека се мета на хакерски напад, а случајот го пријавија во МВР.

— реклама —

Хакерската група „AnonOpsMKD“ која на денот на изборите го нападна арегатот „Тајм.мк“ денеска објави нова порака преку која им се заканија на сите партии доколку изберат Албанец за премиер. Сепак велат дека не се поврзани со нападот на ДИК. Велат не се поврзани со нападот на ДИК, а за тоа ги посочија нивните „браќа“ од Косово.

– Не сме поврзани со нападот на ДИК, за тоа обратете се кај браќата од Косово, а доколку ви треба помош за пронаоѓање на сторителите, отворете „дарквеб“, тие 2-3 „сајбер“ експерти во МВР знаат што е „дарквеб“, ако не ги имате тие „под Кале“, се вели во пораката.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања