Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Хаљими: Ги подобруваме условите во образованието

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Општинската власт во соработка со Град Скопје продолжува посветено да работи со цел реализација на значајни проекти во општина Чаир.Градската власт предводена од Социјалдемократскиот сојуз и градоначалникот Петре Шилегов континуирано вложува и во образованието и обезбедува подобри просторни и други услови за изведување на наставата и на воншколски активности.Имено, средното училиште „Цветан Димов“ во Чаир сега има нова, енергетски ефикасна фасада со специфичен визуелен и естетски стил, истакна Абдурахман Хаљими, член на ИО на ОО СДСМ Чаир.

— реклама —

— реклама —

Фасадата е изработена од алуминиумски композитни панели во боја и соодветна подлога во согласност со најсовремените светски стандарди за противпожарна заштита, енергетска ефикасност и подобрена термичка и звучна изолација.

— реклама —

Покрај овој проект, во нашата општина се работеше и на обновување на патната инфраструктура. Во таа насока е и  реконструкцијата на булеварот Крсте Мисирков кај Бит-пазар, која што неодамна заврши. Градежните активности се изведуваа со засилено темпo, булеварот се асфалтираше непрекинато и во вечерните часови со цел брзо и рекордно завршување на градежните работи.

Реконструкцијата на булеварот Крсте Мисирков е од значење за голем број граѓани, а особено за граѓаните на општина Чаир. Подобрувањето на патната инфраструктура е елементарна потреба и во полза на нашето квалитетно движење и подобрување на условите за живот. Заедно со граѓаните продолжуваме кон реализација на проекти кои се од значење за целото од општество, истакна Абдурахман Хаљими, член на ИО на ОО СДСМ Чаир.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања