Датумот во октомври ке го добиете, но Македонија ке мора да докаже дека цврсто гази по патот на правдата, порача еврокомесарот Хан во Скопје. Според него, во следниве два месеца е клучно да се донесе закон за јавно обвинителство кој ке биде функционален во борбата против корупција. Унијата при тоа има и црвени лини: никој не смее да биде амнестиран ако се огрешил од законот, вели Хан.
Еврокомесарот за проширување, по посетата на Скопје, денеска попладне пристигна во дводневна посета на Белград и веднаш по пристигнувањето се сретнал со претседателот Александар Вучиќ, пренесува Курир.рс.
Според овие информации, Вучиќ и Хан посебно разговарале за застојот во дијалогот меѓу Белград и Приштина и новосоздадената ситуација после оставката на премиерот на Косово Рамуш Харадинај.