Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Хантер Бајден се изјасни за виновен за затајување данок

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
bajden-sin

Хантер Бајден, син на актуелниот американски претседател Џозеф Бајден, се изјасни за виновен за федералните даночни обвиненија против него во САД.

Со тоа тој ја промени претходната изјава од јануари 2024 година, кога изјави дека е невин, пренесува Гласот на Америка.

— реклама —

Тој се изјасни за виновен по сите девет точки од обвинението, а беше обвинет за проневера на вкупно 1,4 милиони долари додека парите истовремено ги трошел на наркотици, проституција и луксузни предмети.

Судијата Марк Скарси рече дека синот на Бајден се изјаснил за виновен и не постигнал договор со обвинителите.

— реклама —

Според судијата Скарчи, максималната затворска казна за тоа дело е 17 години затвор, додека паричната казна е до 450.000 долари.

Во изјавата по сослушувањето, Хантер Бајден изјави дека се изјаснил за виновен за да ги поштеди родителите од непријатните детали од делот од неговиот живот во кој ги претрпел последиците од зависноста од дрога.

„Со оглед на сето она што ги поминав низ годините, сакав да ги поштедам“, рече Хантер Бајден, истакнувајќи дека ги исплатил заостанатите даноци.

Неговото признание за вина, на денот кога се очекува да започне процесот, е предуслов за избегнување на судење во кое сигурно ќе бидат обелоденети компромитирачките детали од неговиот живот - непосредно пред претседателските избори во САД на 5 ноември, според Гласот на Америка.

Во јуни 2024 година, Бајден Јуниор беше осуден во американската држава Делавер под обвинение за нелегално купување оружје додека бил корисник на дрога.

На таа пресуда тој поднел жалба.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања