Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Хаос во НАТО: Америка им забрани на турските пилоти да летаат со борбените F-35!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Свет
eTBu5c0GVL-haos-vo-nato-amerika-im-zabrani-na-turskite-piloti-da-letaat-so-borbenite-f-35-odmazda-za-kupuvanjeto-na-ruskiot-protivraketen-sistem-s-400

На турските пилоти им е забрането да летаат и да се обучуваат на борбените авиони F-35 во американската воздухопловна база во Аризона, објавил Пентагон.

"Reuters" наведува дека ова е соопштено во време кога Вашингтон го зголемува притисокот на Анкара да се откаже од купувањето на рускиот одбранбен систем S-400.

— реклама —

Портпаролот на Пентагон, Марк Ендрус, рекол дека американското министерство за одбрана "е запознаено со одлуката дека турските пилоти повеќе нема да летаат".

— реклама —

Вршителот на должноста американски министер за одбрана, Патрик Шанахан, на своите турски колеги им рекол дека турските пилоти кои веќе се наоѓаат во САД, може таму да останат до крајот на јули.

Британската агенција неодамна, повикувајќи се на извори од американската администрација, јавила дека САД одлучиле да сопрат понатамошната обука на турските пилоти за управување со авионите F-35.

— реклама —

Сергеј Чемезов, раководител на рускиот државен конгломерат "Ростек", пред четири дена изјавил дека Русија за два месеци ќе почне на Турска да и ги испорачува противракетните системи S-400.

— реклама —

Како што јавува "Interfax", Чемезов рекол дека Русија завршила со обуката на турските војници за користење на системот S-400.

извор tocka.mk

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања