Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Хаос во Русија: Наредена итна евакуација

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет

Нивото на водата на реката Тобол кај рускиот град Курган за еден ден порасна за 111 сантиметри и достигна ниво од 742 сантиметри, соопштија локалните власти.

Нивото на водата во Тоболо продолжува да расте кон Курган, се наведува во соопштението на градската управа, пренесува РИА Новости.

Евакуацијата од поплавените подрачја продолжува во Курган, а гувернерот на Курганската област Вадим Шумков во понеделникот изјави дека низ реката течат повеќе од 1,3 милијарди кубни метри вода, што е двојно повеќе отколку во 1994 година, кога водата надминала 10 метри.

Според него, врвот на поплавниот бран сега е на 10 километри од градот Курган.

— реклама —

„Количеството на вода е огромно, сè што сега гледаме во Курган е сè уште само мал дел од количината на вода што се приближува до градот“, нагласи Шумков.

Поплавени се околу 990 куќи и станбени згради, објавија руските власти на Телеграм.

— реклама —

На 8 април беше воведена вонредна состојба во областа Курган поради поплави, кои ги затворија автопатите.

Кога станува збор за руската област Оренбург, таму беа поплавени повеќе од 5.500 куќи и речиси 11.000 приватни парцели, но нивото на водата во реката Урал продолжува да опаѓа, објави прес-службата на руското Министерство за вонредни ситуации.

— реклама —

Областите на Русија во јужниот дел на Урал годинава се соочија со невидени поплави, а најтешка е ситуацијата во регионот Оренбург, каде на 5 април пукна браната што го штити градот Орск од реката Урал.

Властите на соседен Казахстан, во чии многу области е прогласена вонредна состојба, соопштија дека сегашните поплави се најголеми во последните 80 и повеќе години, а поради поплавите досега се евакуирани над 107.000 луѓе.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 9 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 9 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 9 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања