Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

„Хаосот во Собранието беше театар за прикривање на неуспесите на Мицкоски“, вели Филипче

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryerfalp35h83kaFMXpBs

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција оцени дека вчерашните случувања во Собранието биле политички театар чија цел, според него, била да се прикријат неуспесите на Владата и недостатокот на резултати.

— реклама —

Според Филипче, премиерот Христијан Мицкоски со, како што рече, создавање хаос во законодавниот дом се обидува да обезбеди алиби за евентуални предвремени парламентарни избори.

„Вчера направи хаос за да ја прикрие сопствената неспособност и тоа што Владата нема резултати во ниту еден сегмент. Сега очајно му треба алиби за предвремени избори“, изјави Филипче.

— реклама —

Тој додаде дека наместо да понуди решенија за економските проблеми, растот на цените и падот на животниот стандард, Мицкоски, според него, избирал навреди и закани кон опозициските пратеници.

— реклама —

Осврнувајќи се на извинувањето на премиерот, Филипче рече дека станува збор за „изнуено и срамно извинување“, оценувајќи дека тоа било политички театар без вистинско преземање одговорност.

„Вистинското извинување подразбира признавање на грешката, промена на однесувањето и санкции за сите што учествувале во навредите. Граѓаните заслужуваат почит и достоинство, а не поделби и навреди“, истакна Филипче.

— реклама —

Тој порача дека заканите и навредите не се израз на сила, туку на слабост и неспособност, додавајќи дека, според него, „никој не му се плаши на Христијан Мицкоски“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 23 часа

— реклама —
media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 1 ден

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

„Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот - до толку ли ја испразни Мицкоски државната каса?“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања