Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Харадинај ќе бара „кумановската група“ осудена за Диво Насеље да ја вратат во Косово

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Свет
Sudenje-Divo-Naselje

Поранешниот премиер на Косово, Рамуш Харадинај, изјави дека ако победи на изборите нема да се откаже од таксите сè додека Србија не го признае Косово.

Харадинај за КТВ рекол дека нема смисла да ѝ го даде косовскиот пазар на Србија и дека до признавање на независноста нема да се откаже од таксите од 100 отсто за стоката од Србија.

— реклама —

Тој оценил дека идејата на Демократскиот сојуз на Косово и Самоопределување за реципроцитет со Србија е почеток на укинување на таксите.

„Поминавме низ тешкотии, но не го менуваме правецот за Косово. Косово мора да ја заклучи својата државност, даноци до независност. Нема смисла да го дадеме пазарот на Србија. Ако го отвориме пазарот, односот е 99 спрема 1. Зад идејата за реципроцитет се крие укинување на таксите. Ако воспоставиме реципроцитет, Србија може да го освои нашиот пазар“, рекол тој.

— реклама —

Харадинај ќе побара од С. Македонија да им дозволи на припадниците на т.н. „кумановска група“ преостаниот дел од казната да го отслужат во косовските затвори. Харадинај рече дека Косово не треба и не смее да биде рамнодушно за судбината на своите граѓани и на нивните семејства. Tој гарантира дека нема да го изигра евентуалниот договор со македонските власти .

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања