Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Харадинај се врати од Хаг, продолжува да раководи со Владата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Свет
1921997_screenshot-2_ls-225931

Косовскиот премиер во оставка Рамуш Харадинај соопшти дека доцна синоќа од Хаг се вратил во Приштина и за денеска во 14 часот закажа редовна седница на Владата.

— реклама —

Харадинај на Фејсбук напиша дека неговата невиност не може да се доведува во прашање и оти никаква злоупотреба не може да го наруши сувереното право на Косово.

– Границите на Косово не смеат да бидат ничија работа. На Косово не може да му се наметне „Додик Република“. Безусловен дијалог, веднаш, објави Харадинај.

— реклама —

Тој вели дека до него стигнале гласини оти извршувањето владини должности по оставка не е уставно, но наведува дека не може да се осуди да остави вакуум, затоа што Косово не може да сноси последици од вакуум во власта.

Тој ги повика партиите кои мислат поинаку да се обратат до Уставниот суд и истакна дека ќе ја почитува одлуката на тој суд.

Во меѓувреме, весникот „Зери“ пишува дека министрите од Демократската партија на Косово (ДПК) одбиле да присуствуваат на владината седница.

Некои од министрите, кои се дел од ДПК, коалициски партнер на партијата на Харадинај, своето отсуство го оправдале со тоа дека се надвор од земјата.

Пратениците пак, потсетија дека по оставката на Харадинај од функцијата премиер, сегашната Влада повеќе нема право да донесува одлуки.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања