„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Хеленик Петролеум ја тужи Македонија, бара оштета од 32 милиони долари поради непочитување на договорот за купување на мазут

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
press-vlada

Македонската Влада почнува процес на преговори со цел цел да се изнајде решение што ќе ја намали потенцијалната штета на Буџетот на Република Македонија, доколку државата го загуби арбитражниот спор со Хеленик Петролеум за отшетно побарување поради неисполнети обврски за набавка на 500 илјади тони мазут годишно во периодот од 2008 до крајот на 2011 година.

— реклама —

Станува збор за оштета од 32 милиони долари поради непочитување на договорот за купување на мазут. Од 2007 до крајот на 2011 година до кога работеше рефинеријата, државата според договорот имала обврска да набавува по 500 илјади тони мазут на годишно ниво.

Државата во овој период не ја исполнила својата обврска, за што Хеленик Петролеум сега бара оштета од државата. Владиниот потпарол вели дека започнати се преговори со грчката компанија за да се намали висината на оштетата која што Хеленик петролеум ја бара од државата.

— реклама —

„Во момемнтов владата започнува процес на преговори со цел да се изнајде решение со која ќе се намали потенцијалната штета врз Буџетот на Македонија направен пред повеќе од 20 години“, изјави Миле Бошњаковски, портпарол на Влада.

Ова не е прва тужба која што ја има Македонија од Хеленик Петролеум. Во 2007 година изгуби ваква арбитражна постапка бидејќи од 1999 до 2007 година не ја исполнила својата обврска според договорот за ОКТА, односно не купувала по 500 илјади тони мазут годишно.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања