Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Хеликоптерите Бел и Агуста го ставија под делумна контрола пожарот кај Блаце

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
Pozar-Blace

Пожарот што попладнето вчера избувна над магистралниот пат Скопје–Блаце, утрово е ставен под делумна контрола. Но борбата со огнените јазици сè уште не е завршена – два крака и натаму се активни, потврди директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

— реклама —

Како што информира, рано изутрина, уште од 5 часот, силите на скопската Противпожарна бригада излегле на терен со повеќе возила и екипи, поддржани од воздух со два хеликоптера на МВР, еден армиски хеликоптер, како и специјализирани возила од ДЗС – „пинцгауер“ и „хермелин“ со поголема цистерна.

— реклама —

— реклама —

„Пожарот е ставен под делумна контрола, за жал сè уште имаме активни два краци“, изјави Ангелов во утринската видео-изјава. Тој прецизира дека еден од краците бил локализиран по воздушна интервенција со хеликоптери на полицијата.

Од Министерството за внатрешни работи потврдуваат дека двата нивни хеликоптера, „Бел 412“ и „Агуста Бел 212“, од 5 до 9 часот утрово исфрлиле повеќе од 30 тони вода врз пожарот кај Блаце и дека продолжуваат со активни летови и дејства на терен.

Причината за избувнувањето на пожарот сè уште не е официјално утврдена, но според директорот на ДЗС, најверојатно станува збор за човечки фактор – фрлен отпушок од автомобил во движење или намерно предизвикување.

Ангелов апелираше до граѓаните да бидат исклучително внимателни и да пријават веднаш на бројот 112 доколку забележат пожар.

Инаку, сообраќајот кон граничниот премин Блаце, кој синоќа беше делумно блокиран за автобуси и товарни возила поради проширување на пожарот, е повторно нормализиран, информираа од МВР.

фото: ДЗС

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 1 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања