„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Хеликоптерска акција против пожарот кај Чучер Сандево – локализиран и огнот во дворот на болницата во Бардовци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
helikopteri

Утрово, точно во 5 часот, започнаа воздушните интервенции врз пожарот што ја зафати територијата на општина Чучер Сандево, поточно околината на селата Чучер и Блаце. Во гаснењето се вклучени три хеликоптери – два на Министерството за внатрешни работи и еден на Армијата на Република Македонија.

— реклама —

На терен дејствуваат и сили на Противпожарната бригада на Град Скопје со повеќе екипи и возила, екипи од Јавното комунално претпријатие од општината, тимови на Црвениот крст кои поставија базен за полнење вода на хеликоптерите, како и припадници на Дирекцијата за заштита и спасување со противпожарни возила, информира ЦУК.

Центарот за управување со кризи соопшти дека е во постојана координација со сите надлежни институции и службите на терен, со цел ситуацијата што побрзо да се стави под контрола.

— реклама —

Во меѓувреме, јавноста беше вознемирена и од пожарот кој вчера попладне избувна во дворот на ЈЗУ Психијатриска болница „Скопје“ во Бардовци. Министерството за здравство соопшти дека пожарот зафатил само надворешна тревна површина обрасната со сува трева и дека не постои причина за загриженост.

„Ситуацијата е целосно ставена под контрола. Навремената интервенција на надлежните служби спречи проширување на огнот кон болничките објекти. Од безбедносни причини беше спроведена краткотрајна превентивна евакуација на дел од пациентите и персоналот. Нема повредени, ниту е причинета материјална штета врз објектите“, информираат од Министерството.

Во болницата останува дежурен медицински и административен персонал кој внимателно ја следи состојбата и е подготвен за натамошна реакција доколку има потреба.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања