„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Хелсиншки за „родител 1 и 2“: Во ниту еден закон не се менуваат термините „мајка“ и „татко“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
helsinski

Хелсиншкиот комитет за човекови права ги осудува лажните вести кои се пласираат во медиумите, а се однесуваат на предлог Законот за заштита од дискриминација, во период кога демократските чинители во земјава се борат за негово итно усвојување.

— реклама —

„Овој закон, кој треба да гарантира еднаков третман и заштита на сите граѓани во земјава, веќе подолго време е блокиран во Собранието од страна на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ. Се наоѓаме во недозволива ситуација кога закон што регулира основни човекови права е предмет на партиски калкулации. Истовремено, преку медиумите и социјалните мрежи се шират дезинформации околу содржината на овој закон, за на небулозен начин да се оправда ваквото недемократско и анти-европско однесување на политичките партии.  За дополнително појаснување за сите кои се впуштија во ширење на извртена вест, нагласуваме дека во ниту еден предложен или донесен закон не се предвидува замена на термините „мајка“ и „татко“ со „родител 1“ и „родител 2“. Тоа е теза нафрлена во форма на прашање од страна на политичка партија што е против предлог-Законот за заштита од дискриминација“, велат оттаму.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања