„Претрес“: Ексклузивно за соѕиданите 350000 евра кај родителите на судијата, „Пулс“ и звучните имиња 11.02.2026

Хероин, оружје, пиротехника, прашкаста материја - седум аспења на различни локации во Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
IMG_4868

На 17.12.2022 во 22.00 часот во Куманово, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово ги лишиле од слобода С.М.(37) и А.Б.(28), двајцата од Куманово. При претрес во домот на А.Б., извршен со судска наредба, бил затекнат С.М. и кај него биле пронајдени околу 4.000 парчиња различни видови пиротехнички средства – петарди. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесени соодветни пријави.

— реклама —

Денеска (18.12.2022) во 02.20 часот во угостителски објект на ул.„Железничка" во Битола, полициски службеници од Полициската станица Битола го лишиле од слобода Љ.Х.(35) од Битола затоа што кај него бил пронајден и одземен хероин. Лицето било задржано во полициска станица и по цеолосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

— реклама —

Денеска (18.12.2022) во 01.15 часот на ул.„Јаким Стојковски“ во Пробиштип, полициски службеници од Полициската станица Пробиштип го лишиле од слобода Б.П.(21) од с.Волково, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

— реклама —

На 17.12.2022 во 23.20 часот на бул.„Јане Сандански“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.А.(34) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 17.12.2022 во 15.10 часот на бул.„Јане Сандански“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слободаС.Р.(26) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 17.12.2022 во 21.30 часот на ул.„Плачковица“ во Радовиш, полициски службеници од Полициската станица Радовиш го лишиле од слобода З.М.(46) од Радовиш затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 4 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања