Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Хирурзите од Бугарија и Скопје водат успешен проект за тешки вродени неонатални аномалии

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
operacija-2

За две години на Универизитетската Клиника за детска хирургија во Скопје направени се 160 комплексни операции кај новороденчиња и бебиња со тешки вродени аномалии. Најмалиот пацинет кој е опериран на клиниката има само 1.300 грама.

— реклама —

Овие операции се во рамките на Проектот на Министерството за здравство за соработка на Клиниката за детска хирургија во Скопје и Универзитетската болница за детска хирургија "Пиргов" од Бугарија. Проектот почна пред две години и овозможи едукација и на нашите детски хирурзи и воведување на нови методи на хируршки интервенции. Претходно многу често се случуваше тешки случаи на аномалии кај мали пациенти, да се препепраќаат за операција во странство. Денес овие операции се прават успешно на Клиниката за Детска хирургија во Скопје.

Во рамките на последната работна посета, Министерот за здравство д-р Венко Филипче на Клиника за детска хирургија во Скопје се сретна со проф. д-р Цветко Георгиев и доц. д-р Христо Шивачев, двајцата од Универзитетската болница за детска Хирургија "Пиргов"кои последните две години со тим на наши детски хирурзи оперираат применувајќи нови методи од областа на торакална детска хирургија кај бебиња со тешки вродени неонатални аномалии.

— реклама —

На средбата на која беа споделувани искуства за работата, присуствуваа дректорот на Клиниката за детската хирургија, д-р Лазар Тодоровиќ и детскиот хирург д-р Јетмир Зибери кој го предводи нашиот тим хирурзи кој оперираат тешки вродени аномалии кај бебиња.

Во рамките на взаемната соработка, освен двајцата хирурзи од Бугарија кои доаѓаат и оперираат заедно со хирурзи од скопската клиника, лекари од Детска хирургија, заминуваат на обука и едукација во клиниката Пирогов во Бугарија.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања