Ударно
Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Хоџа во Неготино и Кавадрци на закројување на лозјето: Оваа година, нека донесе богат род и успешна сезона!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
DSC_0389-2

Денеска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, учествуваше на традиционалното закројување на лозјето, на лозови насади во Неготино и Кавадрци. На закројувањето учествуваа и градоначалникот на Општина Неготино - Тони Делков и градоначалникот на Општина Кавадрци- Митко Јанчев.

— реклама —

Закројувањето најпрво се изведе во Неготино, во лозовите насади на Винарницата Балкан Тим, а потоа продолжи во Кавадарци. Во кругот на Винскиот музеј во Кавадарци, свечено се закрои лозјето и со тоа беше најавен почетокот на новата производствена сезона.

„Пред нас е нова производна година. Да мислиме позитивно, да делуваме заеднички и нaвремено, како што се договоривме. Нашето грозје е со висок квалитет, затоа и нашите вина се надалеку познати по богатсвото на вкусови, ароми и добар карактер. Извозот на вино последните години бележи постојан раст. Во 2019 и 2020 година % на учество на виното во целокупниот извоз е 7,4%. Повеќе години наназад, виното е трет производ по вредност во извозот, зад тутунот и пекарските производи. Ова само го потврдува неговото значење за вкупната домашна економија. Ова е сектор во кој вреди да се инвестира, сектор кој треба уште повеќе да го развиваме, сектор од кој опстојуваат цели региони во државата. Драго ми е што денес имаме се повеќе млади луѓе, кои сакаат да инвестираат токму во овој сектор“ изјави Хоџа.

— реклама —

Тој им го честиташе празникот “Свети Трифун” на сите припадници на православната вероисповест и на сите лозари, нагласувајќи дека посакува денешниот празник да донесе богат род, квалитетно вино и успешна нова сезона.

На настанот во Кавадрци, беше одржана и промоција на Каталогот „Водич низ Вински Музеј“ и ДВД издание „Од зрно грозје до чаша вино“.

Минатата година беше најтешката година за винската индустрија кај нас и во светот. Пандемијата ја наруши трговијата со флаширано и наливно вино.

Во такви услови, Владата и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ја покажаа на дело својата вистинска грижа и за лозарите и за винарниците. Беа донесени интервентни мерки со кои кризата беше успешно надмината. Согласно „Законот за финансиска подршка за намалување на последиците предизвикани од Ковид 19, врз производството, откупот на грозје и винската индустрија", досега се исплатени 6,3 милиони евра, средства кои беа исплатени согласно ветеното, односно до крајот на минатата година. Според податоците од Платежната агенција, остануваат да се доисплатат уште 12 – 14 милиони денари, средства кои ќе бидат обезбедени во петтиот сет економски мерки.

фото: МЗШВ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања