Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп во посета на Алијанса за Албанците

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
kopsela1

Холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп денес го посети лидерот на АА Зијадин Села, во просториите на АА во Скопје. Во оваа средба, лидерот на АА изрази загриженост во врска со скептицизмот на Холандија за Северна Македонија и нејзиното влијание на патот кон ЕУ, како и за реформите што РСМ мора да ги постигне.

— реклама —

Лидерот на АА, г.Села од блиску му ги објасни на амбасадорот напорите на АА во однос на основните реформи што ние како држава треба да ги постигнеме, како што се борбата против криминалот и корупцијата, независното судство, слободата на медиумите и административни реформи во целина.

— реклама —

Во овој поглед, важно е да се каже дека амбасадорот Јан Коп силно ја поддржува идејата на Алијансата за Специјалното Јавно Обвинителство да продолжи да работи, предводено од Специјален обвинител од земјите на Европската Унија.

— реклама —

Лидерот на АА во некои точки исто така изрази поддршка за Албанија и Македонија да добијат заедно датум без разделување, истовремено потенцирајќи дека исто така и Косово заслужува да влезе на овој пат што е можно поскоро.

— реклама —

На средбата беше разговарано и за предвремените избори што треба да се одржат во април 2020 година, се вели во соопштението од АА.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања