Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Холивудскиот актер Кори Фелдман итно хоспитализиран по лет од Чикаго

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Магазин
media-library1jstjhnma8p9ehVb9rX

Американскиот актер Кори Фелдман итно бил хоспитализиран откако му се слошило за време на летот од Чикаго до Лос Анџелес.

— реклама —

54-годишниот актер, најпознат по улогите во филмовите „The Goonies“ и „Stand By Me“, бил пренесен во болница веднаш по слетувањето на авионот во понеделникот попладне.

Фелдман подоцна се огласи на социјалната мрежа X за да ги смири своите обожаватели.

— реклама —

„Ви благодарам на сите за грижата и поддршката. Беше навистина застрашувачки и точно е, во болница сум. Но, мислам дека ќе бидам добро, сите досегашни резултати изгледаат во ред. Ќе ве известам штом дознаам нешто повеќе“, напиша актерот.

— реклама —

Според TMZ, лекарите се сомневаат дека станува збор за панкреатитис (воспаление на панкреасот) или за жолчни камења. Наводно, на Фелдман му се слошило за време на летот, а меѓу патниците имало лекар кој веднаш му укажал прва помош.

Фелдман се враќал од Чикаго, каде што присуствувал на одбележувањето на 40-годишнината од култниот филм „Stand By Me“, заедно со своите колеги Џери О'Конел и Вил Витон.

Кори Фелдман беше една од најголемите детски ѕвезди во 80-тите години, а покрај актерската кариера, во последните години стана познат и како активист кој јавно проговори за злоупотребите во холивудската индустрија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryrlph7e6l1efsf6AxFm9

Судот ги отфрли обвиненијата за сексуален напад против актерот Тимоти Басфилд, познат по улогата во серијата „Западно крило“

Сцена | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarydgfea0lfe3ol0tLjfTJ

Актерот Стјуарт Меклин пронајден мртов една недела по исчезнувањето

Свет | пред 5 месеци

media-library9h1itj50u2mndJpOFZF

Почина актерот Роберт Карадин

Свет | пред 8 месеци

media-libraryv9qrd086badgbMMa5uf

Почина еден од најпознатите актори Лазе Манасков

Македонија | пред 10 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања