Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Хонг Конг: Најтешкиот пожар во последните 80 години – најмалку 94 жртви, уапсени тројца одговорни

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-library7m41ngqu9hgmdfga0nm

Пожарникарските служби во Хонг Конг соопштија дека речиси целосно го изгаснале катастрофалниот пожар што го зафати стамбениот комплекс Wang Fuk Court, при што загинаа најмалку 94 лица – најголем број на жртви во еден пожар во градот од 1948 година.

— реклама —

Комплексот, составен од осум облакодери во кои живееле повеќе од 4.600 луѓе, бил обвиен со бамбусови скелиња и заштитна мрежа поради реконструкција. Полицијата соопшти дека уапсила три лица – двајца директори и инженерски консултант од градежната компанија Prestige Construction – под сомнение за убиство од небрежност, поради користење на лесно запаливи материјали, вклучително и пени-панели што ги блокирале прозорците.

Властите очекуваат денес до 9 часот наутро да заврши потрагата по преживеани.

— реклама —

„Ќе направиме насилен влез во сите станови во седумте згради за да се увериме дека нема дополнителни жртви,“ изјави заменик-директорот на пожарната служба Дерек Чан.

Спасувачките екипи се соочиле со екстремна топлина, густ чад, паднати скелиња и големи количини урнатини додека се обидувале да стигнат до луѓе кои можеби останале заробени на горните катови. Најголемиот дел од жртвите се пронајдени во две од осумте згради, но има и преживеани лоцирани во останатите објекти.

Во текот на вчерашниот ден како исчезнати се воделе 279 лица, бројка што локалните власти не ја ажурирале повеќе од 24 часа. Чан рече дека 25 повици за помош сè уште не се обработени, меѓу кои и три последни, на кои им е даден приоритет.

Ова е најсмртоносниот пожар во Хонг Конг по трагедијата од 1948 година, кога во пожар во магацин загинаа 176 луѓе. Полицијата тврди дека има сериозни индиции за груба небрежност при реконструкцијата.

„Имаме основи да веруваме дека одговорните во компанијата постапувале крајно неодговорно, што довело до оваа трагедија и до неконтролирано ширење на пожарот,“ изјави надзорничката Ајлин Чанг.

Истражната постапка продолжува, а Хонг Конг денес е во длабока жалост поради една од најтешките трагедии во поновата историја на градот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library7m41ngqu9hgmdfga0nm

Најмалку 128 загинати во најсмртоносниот пожар во последните 80 години - Хонг Конг во тридневна жалост

Свет | пред 1 месец

media-libraryuappe3m6aubj8Y7fiBv

Тринаесет загинати во разорен пожар во Хонг Конг – осум часа борба со пламените јазици

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања