Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Хортикултурно ќе уредуваат делови од Општина Центар - „Рептил Маркети“ е првата компанија – донатор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје

Општествено одговорни компании хортикултурно ќе уредуваат делови од Општина Центар - „Рептил Маркети“ е првата компанија – донатор. На последната седница на Советот на Општина Центар беше усвоено барањето на компанијата „Рептил Маркети“ за донација во хортикултурно уредување на јавна површина на територијата на Општина Центар.

— реклама —

Станува збор за фрекфентна локација во централното градско подрачје која се наоѓа пред кулата на главниот влез на Зелен пазар. Активностите за уредување на просторот започнуваат оваа сабота и истите ќе опфатат ревитализација на постоечко и засадување ново зеленило,245 м2 комплетно нова тревна површина и 100 м2 нова пристапна патека, со што хортикултурно целосно ќе се уреди овој простор.

— реклама —

— реклама —

Компанијата „Рептил Маркети“ е првата компанија-донатор која на сопствена иницијатива ја обезбеди донацијата. Со оглед на успешната соработка помеѓу „Рептил Маркети“ и Општина Центар, општината започнува проект во кој, со донација за уредување на паркови и други јавни површини, можат да се вклучат и други општествено одговорни компании.

— реклама —

За таа цел, во наредниот период општината ќе достави барања до компаниите кои опстојуваат на територијата на Општина Центар за уредување на просторот, пред сé, околу нивните објекти, но и до други компании кои сакаат да дадат свој придонес во уредување и разубавување на центарот на градот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања