Екипите на „Паркови и зеленило” хортикултурно го уредија дворот на џамијата Емин Махмут во Охрид.
Отстранета е дивата жбунеста вегетација, извршено е тековно одржување на тревната површина, зимзелените садници се декоративно обликувани и просторот е оплеменет со засадување на цветен сезонски расад.
Активностите се реализирани по претходнo добиено барање.