Промени тема
Контакт
🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања
🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања

Христијан Мицкоски одново номиниран кандидат за лидер на ВМРО-ДПМНЕ, поддржан од 50 делегати

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
1-5

„Врз основа на член 34 од Статутот на ВМРО-ДПМНЕ ние како делегати на партискиот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ покренуваме формална иницијатива за номинација на проф. д-р Христијан Мицкоски во изборот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Дадената недвосмислена и безрезервна поддршка е резултат на неговото досегашно одговорно, чесно и квалитетно раководење со партијата, големиот напор кој што го вложи кон стабилизирање на состојбите во најголемата политичка партија во нашата земја, како и на постигнатите позитивни изборни резултати од последните локални избори.

Веруваме дека повторниот избор на проф. д-р Христијан Мицкоски ќе биде дополнителен поттик за идното раководство, членовите на партијата и граѓаните на Македонија уште повеќе заеднички да се заложат за целосно спроведување на програмските определби на партијата со силен државотворен карактер и кадровски капацитети кои ветуваат непречен политички и економски развој на нашата татковина.

— реклама —

Преку партијата на која најмногу и веруваат граѓаните и под водство на нејзиниот претседател Мицкоски силно го отвораме патот за модернизирање на нашата држава, владеењето на правото, засилување на борбата против корупцијата, побрзо надминување на тешките здравствени и економски предизвици, зголемување на животниот стандард на нашите граѓани, унапредување на односите со соседите, партнерите и сите пријателски држави и зголемување на брзината со која се движиме по патот на европската интеграција.

Партијата ВМРО-ДПМНЕ била, е и останува најцврстиот гарант за зацврстување на државноста, независноста, мирот, стабилноста, безбедноста, економскиот развој и историскиот континуитет на Македонија“.

— реклама —

Меѓу потпишаните делегати на 17-тиот Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ за кандидатурата на проф. д-р Христијан Мицкоски се и пратениците Дафина Стојаноска, Антонијо Милошески, Ели Панова, градоначалниците Тимчо Муцунски, Бобан Стефковски, Александар Стојкоски, Орце Ѓорѓиевски, Дарко Костовски, Борче Митевски, Стевче Трпковски, Коста Маневски, Иван Јорданов, Кирил Пецаков, Борче Јовчески.

— реклама —

Потписници на кандидатурата се и претседателите на униите, Жаклина Пешевска Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов на Унија на млади сили, претседателот на Патриотскиот институт Александар Пандов, како и директорот на Центарот за комуникации Луке Галески, и портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.

Меѓу потписниците се Владимир Нелоски, Борко Ристовски, Илија Димовски, Оливер Шамбевски“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 9 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 9 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 9 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања