ВО ЖИВО

„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Христос се роди! Православните христијани го слават Рождеството Христово-Божик

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
bozik-1

Православните христијани во земјава денеска го слават Рождеството Христово-Божик. Во сите храмови на Македонската православна црква изутринава се одржуваат божикни литургии. Централното одбележување е во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, каде архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан ќе богослужи литургија на Св.Василиј Велики.

— реклама —

По повод Божик, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан заедно со Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, до свештенослужителите, монаштвото и до сите верници, упатија Божикно послание во кое им пожелуваат мир и благослов од Бога, поздравувајќи ги со величествениот торжествен поздрав – Христос се роди! во кое се вели:

Православните христијани во земјава денеска го слават Рождеството Христово-Божик. Во сите храмови на Македонската православна црква изутринава се одржуваат божикни литургии. Централното одбележување е во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, каде архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан ќе богослужи литургија на Св.Василиј Велики.

— реклама —

По повод Божик, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан заедно со Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, до свештенослужителите, монаштвото и до сите верници, упатија Божикно послание во кое им пожелуваат мир и благослов од Бога, поздравувајќи ги со величествениот торжествен поздрав – Христос се роди! во кое се вели:

Возљубени чеда во Христа Богомладенецот,

Ова, нашево време, е време кога особено се испитува нашата вера. Животот на народите, и покрај сите постигнувања, постанува сè потежок и понеизвесен. Живееме во време со многу кризи: на економски, политички, социјален, образовен, здравствен и особено на морален план. Во светот секојдневно има сè повеќе човечки трагедии и страдања; сè повеќе царуваат самољубието, бесчувствителноста, жестокоста, лицемерието, зависта, горделивоста, а љубовта сè повеќе е заменета со омраза и доброто со зло! А тоа е така зашто сè помалку Го имаме Христа во животот, а и на другите не им го правиме она што сакаме другите нам да ни го прават. Затоа и не можеме да ја разбереме целта на човековиот живот и неговата смисла, ниту, пак, можеме да го најдеме патот на спасението – зашто се оддалечивме од Бога, но и едни од други.

Отуѓувањето од Бога значи духовна смрт и чекорење во темнина. Ние луѓето како да заборавивме дека без Него, без Бога, не ќе можеме да правиме ништо19. Оваа состојба, која целиот свет ја преживува, со пандемијата, ни докажа колку човекот е немоќен, и покрај сета своја самоувереност и покрај сите свои достигнувања и знаења. Народите повторно се соочени со големо страдање и со зголемена смртност. Но, најстрашната пандемија на денешницата е тоа што луѓето заборавија да Го љубат Бога и да ги љубат ближните. А покајанието и поправањето се најдобриот лек против сите болести на телото и на душата.

Возљубени чеда на Мајката Македонска Црква,

Еве, и во 21-от век, за жал, продолжува оспорувањето на правото за национално самоопределување, како и непочитувањето на човековите права и слободи. Некои заборавија дека само она што се потпира врз вистината и правдата, дека само тоа што се создава во мир и со љубов, само тоа останува да живее во времето. Сегашноста и иднината не создале и не можат да создаваат минато или, по нечија желба, да го менуваат истото. Само луѓето и народите, поучени од минатото, можат да се менуваат и да се поправаат, за лошото да не се повтори. А историјата ни сведочи дека на сè што се потпира врз сила и невистина, кога-тогаш му доаѓа крајот. Затоа, како македонски народ, пред никого и за ништо да не отстапуваме од своето, од вековното!

А јубилеите, што ги одбележавме во текот на ова лето Господово, сведочат за исконското црквољубие на нашиот народ. Прославивме 1000 години од основањето на Бигорскиот манастир, светилиште што ја потврдува древноста на нашата духовност и на македонското богољубие и монахољубие. Воедно, оваа година се навршија и 6 децении од осветувањето на храмот „Свети великомаченик Георгиј“ во Мелбурн, Австралија; 55 години од осветувањето на храмовите „Свети Климент Охридски“ во Торонто и „Успение на Пресвета Богородица“ во Колумбос, на Северно­американскиот Континент, како и 30 години од осветувањето на Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје.

Добриот однос со Бога и со луѓето постојано треба да се создава и да се негува. Но треба и да се научи, па затоа е многу важно какво образование ќе им понудиме на сегашново и на идните поколенија, и во семејството и во школството. Само доколку во родителскиот дом и во училиштето се негуваат моралните и воспитните вредности, ќе можеме да имаме надеж и како држава и како народ. Не смее да се допушти нарушување на вистинските права и вредности, и да не дозволиме да се обнови веќе видениот систем на богоборно едноумие!

Нека годината којашто доаѓа биде време на победа над злото и над непријателствата коишто владеат со светот, да биде време благопријатно за изобилни духовни плодови и време во кое ќе заврши страдањето од подмолната болест; нека биде и време на благодарност до здравствените работници, чија саможртва треба да биде за пример.

На сиот наш народ, овде во Татковината и насекаде по светот, им ги честитаме божикните празнувања, поздравувајќи ги со серадосниот поздрав: Христос се роди! Честито и од Бога благословено новото лето Господово!, стои во Божикното послание на архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и членовите на Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања