Промени тема
Контакт

Христова: Не е нормално некој да се смее на колективно силување, но единственото наше сегашно оружје е јавната осуда

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Коментари
78414007_10220955872514849_3979177158386909184_n

Ленче Христова, од Организацијата на жени од Струмица реагираше на Фејсбук во врска со интервјуто на Драган Павловиќ Латас во емисијата на Стефан Лазаров.

„На социјалните мрежи се шири интервју кое поттикнува гнев, лутина и бес!

Извесен јутјубер Стефан Лазаров снимил разговор со Латас, кој пак низ смеа раскажува за злоставување и силување на 15-годишно девојче од страна на неколку лица. Лазаров, наместо со осуда, возвраќа со гласно смеење.

— реклама —

Ваквото нивно однесување испраќа погрешна порака дека силувањето е "нормално и забавно".

Не, силувањето не е смешно!!! Не е нормално некој да се смее на колективно силување!!!

Нормално е жртвите да бидат заштитени, а насилниците осудени!

— реклама —

Но, бидејќи силувањето се случило пред многу години и речиси е невозможно сторителите да сносат одговорност, единственото наше сегашно оружје е јавната осуда. За жал...“, вели Христова.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања