Промени тема
Контакт

Хронични дигестивни проблеми, отпорност на антибиотици и намален имунитет, д-р Ристески предупредува на ризиците од загадената вода во Гостивар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryvp3sp1e9lgu9eVz886c

Доктор Милан Ристески предупредува дека загадувањето на водата со фекалии може да предизвика не само акутни здравствени проблеми, туку и сериозни долгорочни последици, повикувајќи на поголемо внимание кон здравствената состојба на граѓаните погодени од случајот со водата во Гостивар.

Во објава на социјалните мрежи, Ристески наведува дека консумирањето вода загадена со фекалии може да предизвика нарушување на цревниот микробиом, односно дисбиоза, поради дејството на патогени микроорганизми како Escherichia coli (E. coli), Salmonella и Giardia.

Според него, ваквата состојба потенцијално може да доведе до хронични воспаленија и нарушена функција на цревата, долготрајни дигестивни проблеми, како синдром на иритабилно дебело црево и хронична дијареа, како и до колонизација со бактерии отпорни на антибиотици.

— реклама —

Ристески посочува дека можни се и нарушувања на имунолошкиот систем, зголемен ризик од одредени автоимуни и метаболички заболувања, како и влијание врз менталното здравје преку поврзаноста меѓу цревниот микробиом и мозокот.

— реклама —

Тој прашува дали институциите се свесни за потенцијалните долгорочни здравствени последици за жителите на Гостивар и каков би можел да биде финансискиот товар од евентуалното лекување.

— реклама —
media-library7dtromc2un3ddtO3jwa

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryno2cr484o2iv89WDivZ

Поранешната директорка на „Комуналец“, Артана Асани од затворски во куќен притвор, продолжува истрагата за загадената вода во Гостивар

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
glass-water-macro-shot

Жителите на Гостивар ослободени од плаќање на сметката за вода за август

Македонија | пред 2 седмици

voda

Прекината е епидемијата во Гостивар, нема нови случаи поврзани со водата

Македонија | пред 4 седмици

media-libraryi9pe6n6qkgee6onAiAv

Ангелов: Истече кризната состојба во Гостивар, водата е чиста и безбедна за пиење

Македонија | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања