Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Хроничните болни нема потреба да одат кај матичен лекар по хартиен рцепт, се воведув еРецепт а

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
apteka-kvoti-lekovi

Фондот за здравствено осигурување од утре, први мај 2020 година воведува пропишување и издавање на лекови без хартија, преку електронски рецепт еРецепт за хронична терапија за хронично болни лица.

Практично, ова значи дека нема потреба хроничните болни да одат кај матичен лекар за да им биде препишан и издаден хартиен рецепт.

— реклама —

Наместо да губат време за одење, чекање во ординации и враќање, корисниците на хроничната терапија ќе треба телефонски да исконтактираат со својот матичен лекар и да добијат информација дека им е искреиран електронскиот рецепт. Потоа одат директно во аптека и со

— реклама —

документ за лична идентификација ќе можат да ги подигнат пропишаните лекови. Предвидена е можност, друга личност да ја подигне терапијата во нивно име, доколку хроничните пациенти не можат лично да го сторат тоа.

— реклама —

Освен тоа што ќе придонесе за поефикасна заштита на пациентите и медицинскиот персонал од актуелниот корона-вирус, електронскиот рецепт ќе продолжи да функционира и по завршувањето на пандемијата со ковид 19. Од први мај ќе функционира за хроничните пацинети, а забрзано и посветено работиме да профункционира за сите осигуреници и за сите дијагнози.

Придобивките од новиот електронски рецепт се повеќекратни за сите осигуреници, матичните лекари, аптекарите како и за Фондот за здравствено осигурување.

Хроничните болни добиваат лесен и ефикасен пристап до лекови и поефикасна здравствена заштита. Матичните лекари нема повеќе да изготвуваат хартиени рецепти туку нивниот софтверски креиран рецепт ќе биде достапен директно во аптеките. Се скратуваат трошоците и ресурсите за принтање и издавање на рецепти, а лекарите ќе имаат многу повеќе

време за прегледи на пациентите без никаков дополнителен трошок.

Целиот процес за пропишување и издавање на лекови се рационализира, односно станува поефикасен и побрз. Ова е во директен интерес на 773 (седумстотини седумдесет и три) аптеки со кои Фондот има склучен договор, како и со 1236 ПЗУ од општа медицина, 1096 ПЗУ

стоматологија и 165 ПЗУ од областа гинекологија.

Преку дигитализација на рецептите на хронично болните лица, Фондот за здравствено осигурување во реално време ќе ја следи валидноста преку овој систем и обемот на издадени рецепти и лекови.

Исто така во реално време, стручните служби на Фондот ќе може брзо и ефикасно да интервенираат при евентуални индиции за недоследности или злоупотреби на системот.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања