Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Хронологија на настаните околу ,,Рекет"

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
joci-111

Новинарката Јорданка Ивановска Јоци на својот Фејсбук профил  сподели како што таа вели :Хронологија на настаните околу ,,Рекет".  Еве што напиша Јоци на ФБ:

1. Во јавност, Боки, почнува наголемо да се експонира во 2016 година (пред парламентарни избори) со хуманитарни активности, а најзабележителен е со купувањето стан за социјално загрозено семејство и бебето Лука. (Во овој момент не знам што стана со таа прикаска)

— реклама —

2. По формирање на новата Влада, се формира некој Меѓународен сојуз за маргинализирани групи, од кој дел се и функционери на СДСМ.

— реклама —

Боки станува претседател на Сојузот и промовиран е на голема врата како хуманитарец од СДСМ министри и партиски функционери.

— реклама —

3. Прекуноќ се отвора 1ТВ, од чија сопственичка структура е и таткото на Боки со извесна Јасна Мандиќ. На отворањето е присутен Зоран Заев и речиси цело раководство на СДСМ.

Набрзо, во телевизијата на купче се носат новинари блиски до власта, поддржувачи на СДСМ. Во чии емисии, редовни се функционери на СДСМ, кои, не добиваа незгодни прашања кои би го компромитирале Заев и би му го нарушиле имиџот.

4. Во 1ТВ, вработен е синот на Катица Јанева, во сектор - маркетинг. Баш таму. Тоа се луѓе кои одат по фирми и велат - ,,дајте ни пари за реклами".

А, во телевизија, која е скапа играчка, рекламите може да чинат од стотици илјади евра до неколку милиони евра.

5. Во јавноста излегуваат слики на Боки со речиси сите функционери на СДСМ, на кафе муабети по службени канцеларии, вклучително и со првата ,,специјалка, Катица Јанева, онаа која потпишувала и бришела притвори на луѓе во отворени судски процеси.

6. Во јуни 2019, Геро ја отвора аферата за рекет ,,Коки, Кики, Фрики, Каки...".

Во јули 2019 година, притворени за рекетирање бизнисмени се Бојан Јовановски -Боки и Зоран Милески. За рекет во висина од 8 милиони евра.

Катица Јанева во ист ден дава оставка и целосно исчезнува од окото на јавноста.

Нема истрага за неа, иако и' е одземен мобилниот телефон.

7. Клучот од Пандорината кутија е кај Боки, информираше самиот тој неодамна.

Следиме, напиша Новинарката Јорданка Ивановска Јоци на својот Фејсбук профил .

https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10219284842571766&set=a.10206993089605624&type=3&theater

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања