Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Хрвати тргнале тргнале на риболов со брод - заспале, и се разбудиле во Италија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Свет
ribari

Двајцата Хрвати тргнале од Мали Лошињ да ловат риба, го вклучиле автопилотот и заспале. Завршиле во Италија како бродоломци и сега полицијата ги истражува дали навистина се рибари или пак се занимаваат со сомнителни работи.

— реклама —

„Го отворав моето кафуле во седум часот наутро па видов двајца мажи како излегуваат од морето. Рекоа дека преживеале потонување на брод“ – раскажува Италијанецот Андреа Ди Маџо.

— реклама —

Тој сакал да им помогне на двајцата мажи, но тоа било тешко поради тоа што тие не зборувале ни италијански ни англиски.

„Сфатив дека се Хрвати и дека сакаат да повикам полиција. Ги прашав дали има уште некој со нив во морето, па некако ми објаснија дека се сами. Ги разбрав и дека отпловиле со рибарски брод кој потонал“ – раскажува Ди Маџо.

— реклама —

Италијанските медиуми велат дека двајцата Хрвати од кои едниот има 29, а другиот 30 години, пливале полни три часа до крајбрежјето. Бродот им потонал на околу еден километар од крајбрежјето, удрил во карпа додека тие спиеле.

— реклама —

tocka.com.mk

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања