Промени тема
Контакт
🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања
🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања

Хрватска гради складиштe за нуклеарен отпад на границата со БиХ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Свет
Ksko

Хрватска одлучи да започне со изградба на своe складиште за депонирање на нуклеарен отпад во Трговска Гора во Сисачко-Мословачката Жупанија, во близина на границата со БиХ. Oдлуката за тоа дали Хрватска и Словенија ќе го одлагаат отпадот од централата Кршко во заеднички склад ќе биде објавена во септември, пренесува хрватскиот портал „Експрес“.

Словенија веќе неколку години планира да изгради заедничко складиште за ниско и средноактивен нуклеарен отпад од централата Кршко во Врбина кај Кршко и се залага за влез на Хрватска во проектот.

Хрватска и Словенија имаат обврска до 2023 година да го згрижат својот дел од отпадот од нуклеарната централа Кршко, која е заедничка.

— реклама —

И покрај тоа што Хрватска има само четири години за подготвка и изградба на складиштeто, се уште не е направена студија за влијанието врз животната средина, и воопшто не е јасно како државата планира да го подготви преземањето на нуклеарен отпад за толку кратко време, вели „Експрес“.

— реклама —

Порталот додава дека ниту еден консензус не е постигнат со локалното население и со БиХ, кои силно се противат на депонирањето на отпадот во Трговска Гора.

Кршко функционира од 1981 година и ќе работи до 2043 година.

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања