Промени тема
Контакт

Хрватска силно ќе ги поддржи процесите за членство на Македонија во ЕУ и НАТО

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
2-1

Претседателот на Владата на Република Македонија, се сретна и со хрватската претседателка на државата, Колинда Грабар - Китаровиќ и со претседателот на Собранието на Република Хрватска, Гордан Јадроковиќ, по средбата со премиерот Андреј Пленковкиќ.

Претседателката на Република Хрватска, Колинда Грабар – Китаровиќ најави дека Хрватска силно ќе ги поддржи процесите за членство на Македонија во НАТО и ЕУ. Таа честиташе за Договорот со Грција и изрази надеж дека тој ќе биде брзо ратификуван во Парламентот. Исто така, хрватската претседателка Грабар - Китаровиќ рече дека Хрватска продолжува да ја дава и техничката поддршка на Македонија во европските интеграции.

Премиерот Заев рече дека очекува успешно завршување на процесот во Парламентот, со што ќе се овозможи и брзо членството во НАТО, а тоа ќе отвори и почеток на пристапните преговори со ЕУ.

— реклама —

Премиерот Заев изрази очекување дека Македонија и Хрватска ќе ја зголемат трговската размена и инвестициите, бидејки тоа го овозможува искреното пријателство меѓу двете земји, како што и заеднички констатираа со претседателката на Хрватска, Грабар - Китаровиќ.

На средбата се посочени можности за соработка во инфраструктурата, поштенските услуги, фармацијата.

— реклама —

Претседателот на Собранието на Република Хрватска, Гордан Јадроковиќ исто така му честиташе на премиерот Заев за храброста во сложениот процес во којшто влегоа тој и Владата за да ги осигураат евро-атлантските перспективи на Македонија. Тој констатираше дека со тие политики се отвора патот во НАТО и ЕУ на нашата држава, како и дека хрватскиот Парламент ќе продолжи со потребната силна поддршка за тоа и да се реализира, посебно што Хрватска е заинтересирана просторот на сигурност во регионот да се шири.

— реклама —

-Посветено работиме на домашните реформи. Низ инклузивни политики се обидуваме да работиме и во Парламентот, посебно за прашања од стратешки интерес. Очекувам да се зголеми парламентарното мнозинство во поддршката на уставните амандмани, реализација на Договорот од Преспа и конечно Македонија да влезе во НАТО и да почне преговори со ЕУ, рече премиерот Заев на средбата со претседателот на хрватскиот Парламент, Јадроковиќ.

Делегациите на Македонија и на Хрватска на владино ниво продолжуваат со заедничка вечера што ја организира домаќинот на утрешниот Самит на шефовите на влади на земјите членки на ЦЕИ, премиерот Пленковиќ, како и со заедничка прошетка во центарот на Загреб.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања