Шокантни фотографии објавија Хрватските медиуми. Тие обелоденија скандал во кој е вмешам потпретседателот на владата, Томислав Толушиќ, кој наводно во друштво на проститутка, консумира кокаин.
Фотографиите ги објавил хрватски "Nacional", од, како што навеле, анонимен извор. На фотографиите наводно се гледа Толушиќ кој седи на фотелја. На него седи црнокоса жена со голи нозе. Лицето не и се гледа. Таа, како што се чини, во раката држи мобилен телефон, а наводно Толушиќ се подготвува да консумира кокаин, пренесува "Index.hr".
Меѓутоа, "Nacional" пишува дека станува збор за врвна фотомонтажа, откриена во ситни детали, а ја разоткрила хрватската служба SOA.
Имено, агенти на хрватската разузнавачка агенција со анализа на фотографиите откриле дека објектот на фотографијата е апартман во Србија. Фотографиите од апартманот се достапни и на еден сајт за букирање.
Дека станува збор за монтажа, пишува "Nacional", било откриено со помош на детали. На пример, спореден е изгледот на раката на Толушиќ. Мажот кој би требало да биде Толушиќ на раката носи часовник за кој министерот за земјоделие тврди дека го нема. Понатаму, агентите забележале дека лицето на фотографијата носи заоблени чевли, додека Толушиќ секогаш носи шпицести.
Толушиќ рекол дека е подготвен и да се тестира за дрога.
https://twitter.com/indexhr/status/1087612300188631041?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1087612300188631041&ref_url=https%3A%2F%2Ftocka.com.mk%2Fvesti%2F295407%2Fhrvatska-ja-trese-seks-afera-mediumite-objavile-sok-fotografii-vmesan-potpretsedatelot-na-vladata-prostitutka-kokain