Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

Хуманитарен настан ,,Охрид трчат за Сара”

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
ohrid-trcat

Со почеток од 16 часот ќе се одржи хуманитарен спортско-социјален настан под име ,,Охрид трчат за Сара”.

„Охрид трчат за Сара“ е симболична трка без натпреварувачки карактер со цел сите заедно сплотено да истрчаме во насока на подоброто утре за нашата Сара Настеска.Учеството е минимум 100 денари и сите средства ќе бидат донирани на фамилијата Настески. Стартот на хуманитарната трка е во 16 часот пред „Куба либре”, а целта е пред Дом на култура ,,Григор Прличев”. Уплатата на котизацијата/донацијата ќе ја спроведат волонтерите на Црвен крст Охрид и таа ќе се реализира на стартот на самата трка.

— реклама —

,,Подоброто утре за Сара можеме и мораме да го постигнеме со дополнително собирање финансиски средства, но и можеме и мораме да го постигнеме и преку моќното градење на еден тим од илјадници охриѓани кои во еден момент и на едно место ќе пратат силна порака до неа и нејзината фамилија дека не се сами и дека сите ние сме Сара и фамилија Настески. Изминатите денови на многу хуманитарни настани и на разни начини сигурно сте донирале средства и на таков начин сeкој вас  бил дел од поддршката за Сара. Она што сакаме да го направиме преку овој настан е дополнително да ве мотивираме да донирате минимум 100 денари и на таков начин да бидеме уште поблиску до крајната цел.

Почитувани, ве повикуваме сите, сопственици, директори, раководители, вработени, сите заедно на едно место, на една трка, да ја направиме најголемата ТИМ БИЛДИНГ ЕКИПА во светот наречена САРА НАСТЕСКА ! Излезете од работа, од дома, од кафулињата, од обложувалниците, од продавниците и придружите ни се во оваа заедничка наша мисија”, порачуваат организаторите.

— реклама —

Настанот е во организација на атлетскиот клуб „Охрид трчат“, Сојузот за училиштен спорт, основните и средни училишта од општина Охрид, Црвен крст Охрид и Општина Охрид.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања