Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Хуманитарни пакети за четири установи во Општина Карпош

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
46336629_10155444281696706_6002271479683612672_o

Во рамки на хуманитарната акција „Подај рака-донирај за својот сосед“, која се организираше по повод Деновите на Општина Карпош денеска од Одделението за детска, социјална и здравствена заштита при Општина Карпош беа доделени хуманитарни пакети во Центарот за едукација „ Монтесори“, кој се  наоѓа во ООУ „Аврам Писевски“, во населбата Бардовци, во „СОС Детското село“, во Пунктот за бездомници  при  Црвениот крст на Македонија во „Момин поток“, како и во ЈСУ Психијатриска болница „Бардовци“.

— реклама —

Како што истакна и заменик-раководителката на секторот за Дејности од јавен интерес Гордана Зафировска-Стојчевска, локалната самоуправа во континуитет им помага на социјално загрозените семејства и граѓаните  кои живеат на нејзина територија.

— реклама —
— реклама —

-Постојано сме во контакт со семејства и граѓани кои се во тешка материјална состојба и согласно нашите надлежности им помагаме преку овие хуманитарни акции, или пак поединечно. Оваа година, освен во традиционалните установи, за прв пат хуманитарни пакети дониравме во болницата „ Бардовци“, со што го зголемивме капацитетот на нашата социјална и хумана помош, нагласи Зафировска- Стојчевска.

Во овие установи беа доделени кондиторски производи, средства за лична хигиена,  како и конзервирана храна наменета залицата кои престојуваат во овие установи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања