Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

За 24 часа во Скопје 14 сообраќајни незгоди, санкционирани се 10 возачи, издадени се 98 мандатни платни налози

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
svr

Во текот на изминатиот ден (30.01.2018 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно 14 сообраќајни незгоди од кои една со тешки телесни повреди, шест сообраќaјни незгоди со телесни повреди и седум со материјална штета. Во сообраќајните незгоди едно лице се здобило со тешки телесни повреди и 11 лица се здобиле со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 43 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.

Од сообраќај се исклучени 16 возачи од кои: 13 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и тројца возачи затоа што биле возачи-почетници. Исто така исклучени од сообраќај се и четири возила бидејќи биле нерегистрирани.

— реклама —

Санкционирани се 10 возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, еден возач поради недавање првенство на минување на пешаци, еден поради неправилно престројување, 11 поради непоседување пропишана зимска опрема, двајца возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и осум возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.

Во текот на изминатиот ден издадени се 98 мандатни платни налози и 72 возила се подигнати со специјално возило "пајак".

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања