Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

За 25 лица кои не го почитувале полицискиот час и еден што не останал во самоизолација сега се бараат казни

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
policija-skopje-koronaviris-1

Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје  поднесе предлози за издавање казнени налози против вкупно 26 лица, обвинети за кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

— реклама —

Еден од обвинетите не го почитувал изреченото решение со кое му била определена задолжителна самоизолација, додека останатите 25 постапиле спротивно на одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија и без дозвола се движеле за време на полицискиот час.

— реклама —
— реклама —

Надлежните јавни обвинители за сите обвинети лица предложија да бидат изречени парични казни од по 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.​​

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања