Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

За 39 отсто повеќе одобренија за градење: Во јуни планирани инвестиции од 103,5 милиони евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 часа -

Македонија
gradeznistvo-1024x448

Градежната активност во земјава бележи значителен раст, покажуваат податоците за јуни 2026 година. Во текот на месецот биле издадени 296 одобренија за градење, што е за 39 отсто повеќе во споредба со истиот период минатата година.

Вкупната предвидена вредност на објектите достигнува 103,5 милиони евра, односно е за 31 отсто повисока во однос на јуни 2025 година. Од издадените одобренија, 200 се однесуваат на високоградба, 26 на нискоградба, а 70 на реконструкција.

— реклама —

Во рамките на планираните проекти е предвидена изградба на 754 станови со вкупна корисна површина од 64.266 квадратни метри. Најголем број се двособни и трособни станови – 267 се со две, а 214 со три соби. Дополнително, се планирани 116 четирисобни, 79 еднособни и 33 петсобни станови.

Најмногу одобренија во јуни се издадени во Полошкиот Регион – 70. Сепак, според предвидената вредност на градежните работи, предничи Скопскиот Регион, каде што инвестициите достигнуваат 3,48 милијарди денари.

— реклама —

Од вкупно 296 одобренија, 218 се за објекти чии инвеститори се физички лица, додека 78 се однесуваат на деловни субјекти.

— реклама —

Иако физичките лица имаат поголем број одобренија, деловните субјекти учествуваат со најголем дел од предвидената инвестиција. Од вкупните 6,36 милијарди денари, речиси 5 милијарди денари се однесуваат на инвестиции на деловни субјекти, додека кај физичките лица предвидените инвестиции изнесуваат околу 1,37 милијарди денари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

unnamed-5

Мицкоски: Македонија денес се гради како никогаш досега, во тек се над 1.200 градилишта

Македонија | пред 11 месец

pestani

Пештанец отстранил службена лента и табла, продолжил со градба без документи

Охрид | пред 1 година

239999228_351218676548885_1676183981868361389_n

Зголемен бројот на одобренија за градба, најмногу станови ќе се градат во Центар

Македонија | пред 1 година

gradeznici

Во април издадени 44,6% повеќе одобренија за градење во однос на лани

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања