„О2 Иницијатива“ објави шокантни бројки на починати во нашата земја како последица од загадениот воздух. Повикувајќи се на извештаите за квалитетот на воздухот во Европа на Европската агенција за животна средина (2015 – 2019), од „О2 Иницијатива“ пресметале дека во Македонија за 5 години починале 16.960 лица од аерозагадување.
До сите „надлежни“ во државава, потсетување во што сте соучесници со непреземање на НАВРЕМЕНИ и ДОВОЛНО мерки, додека ни умираат ЦЕЛИ градови поради загадениов воздух, а вие барате алиби зошто не сте исполниле од ветеното со партизираните и нефункционални државни институции.
⬛️ И не, НЕМА ПОВАЖНО прашање од ЖИВОТОТ на луѓето. Парите дадени на мебел, патни трошоци, „службени“ јадења, возила, патувања, „конференции“, „конгреси“, „симпозиуми“, непотебни министерски, пратенички места, заменик директорски и безброј други непотребни функции, ПР служби, вишок советници, квази иновации, наместени тендери, непотребни „проекти“, преплатени автопатишта, згради.... се пари ОДЗЕМЕНИ од НАШИТЕ ЖИВОТИ!, напишаа од О2 иницијатива на својот ФБ профил.

https://www.facebook.com/o2inicijativa/photos/a.1257075571076434/2477202099063769/?type=3&theater