По повод Денот на независноста – 8 Септември, во селото Огут во Општина Крива Паланка ќе се одржи традиционалниот народен собир и заедничко чествување на празникот со жителите од соседна Србија.
За таа цел, на 8 септември 2026 година ќе биде отворен привремен граничен премин меѓу селата Огут и Калово во Србија. Преминот ќе биде во функција од 9 до 23:30 часот, а границата кај граничниот камен 12 ќе може да се преминува пеш.
Од Општина Крива Паланка информираат дека отворањето е дел од традиционалното заедничко одбележување на празникот и ќе овозможи средба и дружење на жителите од двете страни на границата.
Општината ги повикува граѓаните да бидат дел од народниот собир и заедничкото одбележување на 8 Септември.