Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 минута -

Македонија
media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

СДСМ преку соопштение бара од новиот обвинител Љупчо Коцевски да отвори истрага за влезот на Алта банка во Македонија, при што, според партијата, проверките треба да започнат од премиерот Христијан Мицкоски и гувернерот на Народната банка, Трајко Славески.

— реклама —

Од СДСМ бараат да се испитаат сите околности поврзани со влезот на банката, потеклото на капиталот, донесените одлуки, како и тоа кој ги одобрил и врз основа на што. Партијата бара да се утврди и што било разговарано со српскиот претседател Александар Вучиќ и со Мацура.

— реклама —

Од опозициската партија сметаат дека обвинителството не треба да чека политички сигнали или јавни повици од премиерот, туку самостојно да постапува. Според нив, ваквиот начин на работа ја нарушува независноста на правосудството и ја намалува довербата на граѓаните.

СДСМ бара веднаш да бидат обезбедени и проверени сметките, трансакциите и целокупната документација на Алта банка, а обвинителството и полицијата да ја информираат јавноста за утврдените наоди.

— реклама —

Партијата предупредува дека најавената продажба не смее да послужи како начин за прикривање на евентуални неправилности или избегнување одговорност. Од СДСМ упатуваат повик до обвинителот да ги повика сите инволвирани и да ги испита нивните улоги во процесот.

— реклама —

Во соопштението, СДСМ оценува дека обвинителите одговорност имаат пред граѓаните и бара постапката да се води независно од политичките интереси.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 1 ден

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

„Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот - до толку ли ја испразни Мицкоски државната каса?“, вели СДСМ

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања