За бесплатен ПЦР се чека 7 до 11 дена, ако платите може и веднаш

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
kina-korona-2

За ПЦР тест во внатрешноста на земјава се чека 3 -4 дена, а во Скопје и по една повеќе од една недела, потврдуваат матичните доктори. За 24 вести велат дека додека чекаат за тест дел од пациентите оздравуваат.

— реклама —

„На терен имаме проблеми, во секој град е исто. Се чека од 3 до 4 дена, во Скопје се чека од 7 до 11 дена. Не секој има финансиски средства да отиде на приватно. Во последниот случај имам тројца членови од едно семејство кои што се позитивни, чекаа тест, а сите се болни, дадена им е терапија, секако дека се покриени, но мораме да ги тестираме, немаат сите пари да прават и тестови за антитела на приватно.“ - вели д-р Лилија Чолакова Дервишова - Претседателка на Здружение на приватни матични лекари.

— реклама —

Скопјанка со симптоми на Ковид требало да чека седум дена за термин за тестирање. Се обидела да закаже тест кај својата матична лекарка, но првиот слободен термин бил дури за седум дена. Со оглед на тоа што не можела да чека, била принудена тестот да го направи на приватно. Она што ја револтира е што отишла во Институтот за јавно здравје каде и покрај тоа што немало гужви тестот и бил наплатен приватно.

— реклама —

„Отидов до ИЈЗ и прво се изненадив таму што никој не чека, најлогично ми беше дека ако нема термини за закжување ќе има полно луѓе кои што ќе чекаат за тестирање со термин. Внатре беше лаборантот, го прашав имате ли тестови ми одговорија дека има, може да се тестирам, но приватно затоа што немам термин. Платив приватно 1850 денари, си го платив и го добив резулатот за среќа немав корона, ама како и да е - јас требаше цела недела да чекам и да се прашувам дали имам или немам  корона, дпополнително кој ќе ми даде мене оправдување на работа дека јас чекам тест, вели таа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања