За четири години, 107 функционери го искористиле правото на апанажа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
sobranie

Во периодот од 2014 до 2018 година 107 државни функционери го искористиле правото на апанажа, информираше денеска Државната комисија за спречување корупција.

— реклама —

Од нив, 29 биле службеници во Владата, а 78 во Собранието. Од 107 лица кои се предмет на анализата, 89 лица по престанокот на користењето на апанажата повторно се вработиле – 46 во државни институиции, а 43 во приватниот сектор. По апанажата не се вработиле 18 лица.

Износот на апанажата за лицата кои биле на функции во Влада изнесува околу 71.000 денари, а на оние кои им завршил пратеничкиот мандат, околу 100.000 денари.

— реклама —

Антикорупциската комисија објави дека ќе бара законски измени околу правото на апанажа по престанокот на функцијата.

Од анализата што ја презентираше ДКСК е заклучено дека директорите и нивните заменици сами на себе со акти си доделиле службени возила на користење седум дена во неделата и без лимит на километража.

Од антикорупциска соопштија и дека 12 пратеници од претходниот парламентарен состав не доставиле анкетен лист, а шестмина со задоцнување и против нив ќе бидат поднесени прекршочни пријави.

Антикорупциска побара и да им биде доставен одговор околу нивното барање да се поведе постапка за одговорност за директорот на Агенцијата за филм, Горјан Тозија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања