Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

За да имаме преговори за влез во ЕУ, треба да се знае иднината на СЈО, тврди Димитров

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
zaev-dimitrov

Нашата цел е првата меѓувладина конференција, со што се означува почеток на преговори со Европската унија да се одржи во декември. Предскрининг процесот се одвива, тој е при крај, а почетокот на преговорите е процес, кој ќе биде долг, но сакаме да го искористиме како алатка со која земјата ќе ја направиме европска, порача вечерва шефот на дипломатијата Никола Димитров во „Топ тема“ на Телма, говорејќи за последната одлука на Советот за општи работи во Луксембург за одложување на одлуката за датумот за преговори за оваа есен и за неговите очекувања за целиот натамошен процес на патот кон ЕУ.

На прашањето дали има гаранција дека ќе добиеме датум во октомври, Димитров не одговори конкретно, рече дека немаме право да се опуштиме додека не добиеме одлука, ниту потоа. Додаде дека и ЕУ не е совршена и таму има политичари, но напомена дека сепак треба биде јасно дека ЕУ не не одбила, туку само го одложила донесувањето на одлуката.

— реклама —

-Одложувањето нема никава врска со нас, нема врска со тоа што дома ние можевме да го сработиме, иако секогаш можеме повеќе и подобро. За нашето досие сите јавно велат испорачавте, рече Димитров и нагласи дека мора да се земе предвид дека проширувањето како политика за многу од старите земји-членки делумно поради искуства со нови членки не е толку популарно и сега нашиот пат е потесен и пострмен отколку порано.

— реклама —

Нагласи дека сепак земјата покажала решителност во однос на решавањето тешки прашања, како спорот со Грција и додаде дека сме близу до атмосферата која е поволна, ни фали едно делче во мозаикот, тоа е иднината на СЈО, за да нема ниту едно оправдување да има ново одложување.

— реклама —

-Основната грижа на скептичните земји е владеењето на правото, колку судиите се непристрасни и колку правдата е слепа.  Во таа смисла од перспективата на скептичните земји е да се има правосуден систем со интегритет, врз кој политичарите нема да можат да влијаат. Кога ќе има случај на корупција да има одговорност, кога ќе има злоупотреба на позицијата на власт да има одговорност, кога ќе има лажирање избори да има одговорност. Излеговме од тешка криза на неказнивост, кризата во 2015/16 со прислушувањето беше криза на неказнивост, рече Димитров.

Нагласи дека е потребно со опозицијата да се најде решение за законот за Јавно обвинителство, каде се решава и статусот на СЈО, за кој е потребно двотретинско мнозинство, но потенцира дека сепак не смее да се поминува црвената линија во тие разговори.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања