Фахрудин Хамиди, еден од директорите во М-НАВ каде вчера упаднаа тепачи и удираа шлаканици во објектот каде се контролира воздушниот сообраќај, не поднесе оставка како што беше побарано од вработените преку Синдикатот на контролите на летање. Наместо тоа, тој се пофали со своите успеси, дека од неуспешна компанија направил успешна. Пред медиумите го искритикува и претседателот на Синдикатот, Александар Тасевски. Нападот на вработените го опиша како конфликт меѓу колеги.
„Од 3.ноември 2020 година, кога стапив на чело на компанијата, ја најдов со минус 70% сообраќај и немаше средства ниту за оперативни простории, а камоли за плати. Успеавме да ја донесеме фирмата на здрави нозе, М-НАВ денеска ги има подмирено сите загуби кои беа поради надворешен удел, без ниту еден денар помош од било кого“, рече Хамиди.
Тој гарантира дека за безбедноста на вработените. Немаше барање за најстроги санкции за лицата кои влегле во М-НАВ, туку обид за да се прикаже како „конфликт меѓу колеги“, иако таму влегоа лица кои воопшто немаат допирна точка со М-НАВ.
„Се случил немил настан, дефинитивно. Кошкање има во секоја фирма. Се работи за конфликт помеѓу колеги, се знаат 20 години, заедно биле на тестирање“, рече Хамиди.
Од обвинувањата, не беше куртулчен ниту Тасевски, првиот синдикалец кој се бори да не се спроведат вработувањата во М-НАВ со несоодветни кадри, што според него, би го загрозило воздушниот сообраќај.
За жал, цело време бевме атакувани од страна на синдикалецот Тасевски. Тој перманентно не повредува сите нас и не не остава да работиме поради негови лични интереси. Репутацијата е доведена во прашање поради клевети дека ништо не чинело. Безбедноста не е нарушена, ниту ќе биде нарушена“, додаде директорот кој во понеделник треба да биде разршен.
Хамиди, го обвини Тасевски кажува за непотизам.
„Тој е непотизам самиот, неговиот татко беше началник, истовремено беше вработен тој, а и брат му е вработен како контролор“, рече Хамиди.
Претходно, претседателот на Синдикатот во контрола на летање, Александар Тасевски беше повикан во седиштето на Делегацијата на ЕУ, а скандалите во М-НАВ преминаа од границите на Македонија. Известени се меѓународни претставништва на европско ниво, а кои работат со контролите на летање.
Скандалот во М-НАВ одекна и надвор од Македонија
Претседателот на Синдикатот во контрола на летање, Александар Тасевски беше повикан во седиштето на Делегацијата на ЕУ, а скандалите во М-НАВ преминаа од границите на Македонија. Известени се меѓународни претставништва на европско ниво, а кои работат со контролите на летање.„Делегацијата на ЕУ и амбасадите ги пратат сите збиднувања. Сега очигледно дека кај нас се комплицираат работите и на виделина излегуваат стравувањата за кои изминатите месеци предочувавме. Покажаа спремност за да нѐ повикаат, да разговараме. Беа премногу добро запознаени со сите настани и лица. Ги разбраа нашите барања за професионализам, тие викаат: ‘Тоа е нормална работа, како поинаку би било’. Ние имаме разбирање од институции кои функционираат онака како што сакаме ние“, кажа Тасевски.Тој посочува дека е жалосно што скандалот оддекнува насекаде.„Вчера беа испратени полициски службеници за да го обезбедуваат објектот“, објасни Тасевски.Посочи дека ќе остнаат на тоа да се постават соодветни кадри на соодветните позиции во М-НАВ. Бара истрага за да се провери целото работење на М-НАВ.До 9 јануари ќе се знае дали ќе се затвори воздушниот сообраќај во Македонија.
Македонија | пред 2 години