Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

За два дена двапати фатен „мртов пијан“ зад волан: Битолчанец возел со 3,23, па со 3,50 промили алкохол

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 16 минути -

Македонија
policija-policaec-35

Двапати за само два дена, 29-годишен битолчанец бил уапсен бидејќи управувал автомобил со повеќе од три промили алкохол во крвта. И покрај првото лишување од слобода, повторно седнал зад волан, овојпат со уште повисоко ниво на алкохол.

Станува збор за Х.Ј. (29) од Битола, кој на 7 ноември, во 21:30 часот, бил запрен од полициски службеници на паркингот кај спортската сала „Боро Чурлевски“.

— реклама —

При контролата било утврдено дека управувал „мерцедес“ со битолски регистарски ознаки со 3,23 промили алкохол во крвта, по што бил лишен од слобода.

Но, неполни два дена подоцна, на 9 ноември, во 02:41 часот, истиот возач повторно бил запрен од полицијата, овојпат на улицата „Партизанска“ во Битола.

— реклама —

И повторно управувал „мерцедес“ под дејство на алкохол. При втората контрола му биле измерени дури 3,50 промили алкохол во крвта.

— реклама —

Од СВР Битола за „Скопје1“ потврдуваат дека станува збор за истото лице, кое било лишено од слобода во два одделни случаи за управување возило под силно дејство на алкохол.

Според информациите доставени од полицијата, на 29-годишникот му е одреден притвор во траење од осум дена.

— реклама —

За двата настани полицијата најави соодветни поднесоци по целосното документирање.

Случајот отвора сериозно прашање за безбедноста во сообраќајот, особено затоа што возачот повторно седнал зад волан по претходното полициско постапување, со уште поголема концентрација на алкохол во крвта.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

uapsen

Скопјанец приведен во прилепско: Во автомобилот пронајдени македонски рубини, марихуана и над 489 илјади денари

Македонија | пред 2 часа

— реклама —
media-librarycnknba9drcl66ylKZAu

Насилството во Македонија не стивнува: Девет пријави за физички напади во Скопје и Тетово

Македонија | пред 3 часа

media-libraryke6akhmugg4sd9syNXi

Судир на две возила на улицата „Борис Трајковски“, тешко повредена 76-годишна скопјанка

Македонија | пред 3 часа

media-library7h7voq4r9agi7Ec1oOB

(Видео) Тешко повреден возачот на камионот кој излета од скопската обиколница

Македонија | пред 3 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања