Oд 28 до 30 јули, по плажите на охридското крајбрежје, во полициските контроли констатирани се 216 лица кои не носеле заштитна маска. Како што информираат од полицијата, ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид-19. По овој основ, во Охрид во текот на јуни и јули изречени се вкупно 672 барања за поведување прекршочна постапка.