„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

За еден ден, полицијата казни стотина возачи во Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
skopje-ulica-soobrakaj-koli

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје превземени се мерки и активности и констатирано е дека 65 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.

— реклама —

Од сообраќај се исклучени 14 возачи од кои: еден возач затоа што управувал возило под дејство на алкохол и 13 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило. Исто така, исклучени од сообраќај се и 18 возила бидејќи биле нерегистрирани.

Санкционирани е еден возач поради поминување на крстосница на црвено светло, тројца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, тројца возачи поради неправилно престигнување, осум возачи на моторцикли поради неносење заштитен шлем, 24 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 18 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.

— реклама —

Во однос на пешаците санкционирани се пет пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 77 мандатни платни налози и 57 возила се подигнати со специјално возило "пајак".

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања