Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

За еден ден, во Скопје се казнети 130 возачи кои возеле пијани, без регистрирани возила, со голема брзина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
koli-vozila-ulica-ramstor-skopje

Во текот на изминатиот ден (17.07.2019) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 27 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.

Од сообраќај исклучени се 21 возачи од кои: седум возачи управувале возило под дејство на алкохол и 20 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило.

— реклама —

Исто така, исклучени од сообраќај се и 20 возила затоа што не биле регистрирани. Санкционирани се пет возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, тројца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, 17 возачи на мотоцикли затоа што не носеле заштитен шлем-кацига, 10 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и девет возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.

— реклама —

Во текот на изминатиот ден издадени се 63 мандатни платни налози и 46 возила се подигнати со специјално возило „пајак".

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања